Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ Е ОВА ПРИФАТЛИВО: Идната палестинска држава би можела да биде демилитаризирана

ДАЛИ Е ОВА ПРИФАТЛИВО: Идната палестинска држава би можела да биде демилитаризирана

Има уште еден предлог како да се реши војната меѓу Хамас и Израел. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави денеска дека идната палестинска држава би можела да биде демилитаризирана. Како што вели ќе треба да има привремено меѓународно безбедносно присуство за да обезбеди гаранции и за неа и за Израел. 

Тој на заедничката прес конференција во Каиро со шпанскиот премиер Педро Санчез и белгискиот премиер Александар Де Кро кажа дека со меѓународна поддршка е можно да се воспостави мир и демилитаризирање, пренесе Ројтерс.

„Рековме дека сме подготвени оваа држава да се демилитаризира, а може да има и гаранции за силите, без разлика дали силите на НАТО, силите на Обединетите нации или арапските или американските сили, додека не постигнеме безбедност за двете држави, палестинската држава во зародиш и израелската држава“, изјави египетскиот претседател. 

Според него, политичката резолуција која бара палестинска држава заснована на границите од 4 јуни 1967 година, со источен Ерусалим како главен град, остана недостапна.

Арапските земји ги отфрлија сугестиите дека арапските сили обезбедуваат безбедност во Појасот Газа по завршувањето на сегашната воена операција на Израел против палестинската милитантна група Хамас.

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади неделава во Лондон кажа дека арапските држави не би сакале да навлезат во Појасот Газа што може да се претвори во „пустелија“ со израелската воена офанзива.

Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. Групата ја контролира Газа од 2007 година. 

Палестинската терористичка група ослободи дел од заложниците. На сила е примирје. 

Слично

Поврзани вести