Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ Е ОВА БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ РУСКИ ВОЈНИЦИ? Рускиот олигарх тврди дека се се гледа во документот на Министерството за финансии

ДАЛИ Е ОВА БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ РУСКИ ВОЈНИЦИ? Рускиот олигарх тврди дека се се гледа во документот на Министерството за финансии

Српските медиуми пишуваат дека се протечени информации кои покажуваат колку точно руски војници досега загинале во војната во Украина. 

Ако им се верува на информациите објавени на Твитер од Михаил Ходорковски, противникот на Путин и поранешен руски олигарх во егзил, во руската агресија против Украина животите ги загубиле 48.759 руски војници, што според него треба да е првиот точен број на руски жртви. 


Имено, Ходорковски на Твитер објави копија од официјалниот документ на руското Министерство за финансии, од кој произлегува дека Русија од 28 август на семејствата на паднатите борци им исплатила 361,4 милијарди рубљи или 7,4 милиони за секој паднат војник, што на крајот значи дека до сега 48.759 од нив починале.

Ходорковски понатаму наведува дека во бројката не се вклучени исчезнатите војници, туку и оние кои се борат под знамињата на сепаратистите од Доњецк и Луганск.

Тој број е нешто поголем од проценките на западните разузнавачки служби, а нешто помал од она што го тврдат Украинците.

Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести