Дали е навистина добра батеријата на iPhone 7?
Дали iPhone 7 има проблеми со батеријата? Вебсајтот за кориснички рецензии на производи „Which“ и Гардијан, тврдат дека има.
„Which“ ги објави резултатите од тестот на периодот во кој телефонот издржува повик, како и таков за користење на интернет на новиот смартфон на Apple и откриле дека телефонот се претставува полошо од Samsung Galaxy S7, LG G5 и HTC 10, пишува Бизнис Инсајдер.
Телефоните се тестирани откако е користен симулатор на телефонска мрежа, 3G повик и вебстрана која постојано се обновува.
Излегло дека iPhone заостанува прилично зад телефоните со Android во тестот за периодот за 3G повици. Тој издржал само 712 минути, во споредба со 1.859 минути за HTC 10, 1.759 минути за LG G5 и 1.492 за Samsung Galaxy S7.
Освен тоа, заостанува зад телефоните со Android за издржливост на користење на интернет, но разликата не била толку драматична.
Сепак, дали батеријата на iPhone 7 е подобра од онаа на iPhone 6 и 6s. Истовремено Apple добива голем број на негативни критики во медиумите за своите батерии во рамките на публикации, поврзани со податоците на „Which“.
- IPhone 7 има пократок рок на траење на батеријата од HTC 10, Samsung Galaxy S7 и LG G5, пишува Бетањуз.
- iPhone има пократок рок на траење на батеријата во споредба со конкуренцијата, тврди Инквизирт.
А Geek.com наведува: „iPhone 7 е последен во тестовите на батеријата“.
Гардијан исто објаснува дека батеријата на iPhone 7 не е доволно добра. На почетокот на својот осврт за телефонот, изданието пишува: „колку добар може да биде еден телефон, ако неговата батерија не може да издржи дури ни ден?“. Дури додава дека „iPhone има пократок рок на траење на батеријата од iPhone 6S“.
Тоа е изненадувачки. Според тестовите на „Which“ и според спецификациите кои Apple ги открива за своите производи, iPhone 7 има поголем капацитет на батеријата од iPhone 6s. iPhone 7 има 1960 милиампр часови батерија, а iPhone 6 S - 1810 милиампер часови. Не е огромна разлика, но сепак е голема.
Поголема батерија не значи задолжително подолг живот на батеријата. Колку поефикасно хардверот и софтверот на телефонот ја користат енергијата исто така е фактор. Но, генерално, колку поголема батерија, толку поголем живот може да биде „вграден“ во неа.
Дури и споредбата на батериите, направена од „Which“ да се покаже преекспонирана, сето тоа најверојатно ќе влијае на Apple. Bank of America Merrill Lynch спровела истражување меѓу американските корисници и открила дека долгиот живот на батеријата е причина за 65% од испитаниците да го купат најновиот iPhone 7. При 59% клучно е дека тој е водоотпорен, а за 54% е важно дека е со подобра камера.
