Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали е на повидок крајот на пандемијата на коронавирусот?

Дали е на повидок крајот на пандемијата на коронавирусот?

Се наѕира крајот на пандемијата на коронавирусот, велат од Светската здравствена организација(СЗО). 

СЗО очекува да продолжат брановите зарази со ковид-19, но светот има инструменти како што се вакцини и антивирусни лекови за да спречи сериозни инфекции. 

„Светот никогаш не бил во подобра позиција да ѝ стави крај на пандемијата на ковид-19“, изјави денеска шефот на СЗО,  Тедрос Аданом Гебрејесус. 

За мајмунските сипаници вели дека светот не треба да се опушта. 

Од коронавирусот починаа над 6 милиони луѓе. Многу островски земји долго време беа без случаи на коронавирусот. Вирусот се појави во 2019 година во Вухан во Кина. 

Слично

Поврзани вести