Дали е можно долго време вирусот да кружел меѓу луѓето пред да мутира?
Студија отвора некои интересни можности во врска со потеклото на коронавирус
Иако сѐ уште ги немаат сите одговори, вклучувајќи го и тоа во кој момент преминал на нас луѓето од животните, најнова анализа дефинивно потврди дека не станува збор за вирус кој е намерно создаден во лабораторија. Но, оваа студија понуди и некои интересни увиди во можното потекло на новиот вид коронавирус, пишува Сајенс алерт.
Едно од сценаријата сугерира дека веќе некое време безопасно кружел меѓу човечката популација пред да мутира и да стане опасен за луѓето и да ја предизвика пандемијата.
Слично
