Дали е можно Белорусија да се вклучи во војната во Украина?
Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека ја подига својата борбена готовност. Ќе има преместување на воената опрема и на персоналот, а на одредени патишта ќе биде ограничен прометот.
Белорусија почна ненајавена проверка на борбената готовност на своите трупи.
„Трупите ќе мора што побрзо да се префрлат на одредени подрaчја, да се организира заштита и одбрана и да се постават мостови преку реките Неман и Березине“, објави Министерството за одбрана.
Белорусија претходно неколку пати најави дека би можела да се вклучи во војната во Украина како сојузник на Русија.
Институтот за проучување на војната (ISW) во анализа на ситуацијата во Украина наведува дека Русија се повеќе настојува да манипулира со својот сојузник – Белорусија.
„Целта е да се задржат украинските сили на белоруската граница за да не се пренасочат на друга област на линиите на фронтот“, наведува ISW.
Белорусија е земја поддржувач на Русија од самиот почеток на војната на 24 февруари. Поради тоа, Западот воведе санкции и за Белорусија.
Инаку, прогнозите се дека Русија ги троши залихите стари 40 години и дека ќе мора да обезбеди уште оружје.EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT
