Дали е можен брз прием на Украина во ЕУ?
Брисел ѝ нуди на Украина можен брз прием во ЕУ.
Претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен, при денешната посета на Украина, на претседателот Володимир Зеленски му го предаде прашалникот, што претставува еден чекор пред кандидатски статус на земјата.
Фон Дер Лајен изјави дека комисијата ќе направи се што може за да ѝ помогне на Украина за пополнувањето на прашалникот да бидат потребни недели, а не години, покрај тоа што процесот е веќе забрзан, во споредба со досегашното искуство на другите земји кои добија кандидатски статус, а подоцна и станаа членки на ЕУ.
Зеленски ја увери дека неговото пополнување ќе биде завршено за една недела.Фон Дер Лајен ја посети и Буча каде се есхумираат телата на загинатите цивили од масовните гробници.
Слично
