ДАЛИ ДУРОВ ТРЕБАЛО ДА ВЕЧЕРА СО МАКРОН И ДАЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГО НАМЕСТИ ОСНОВАЧОТ НА ТЕЛЕГРАМ - обвинувања и деманти
Основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, кој беше уапсен веднаш по слетувањето во Париз, при распитот во полиција кажал дека на денот на апсењето требало да се сретне и да вечера со францускиот претседател Емануел Макрон, пишува францускиот истражувачки весник „Le Canard Enchaine“, повикувајќи се на извор од Елисејската палата.
Од Кабинетот на Макрон, веднаш ја демантираа ваквата инфортмација, но лидерот на партијата Француски патриоти, Флоријан Филипот, излезе со став во јавноста во кој изразува дека е уверен оти Макрон е сосема способен за таква измама за да ја исполни мисијата „од своите сопственици“ и побара објаснување од него.
Филипот го обвини Макрон дека го искористил апсењето во обид да ја замолчи слободата на говорот.
