Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали дрвјата можат да го прочистат воздухот?

Дали дрвјата можат да го прочистат воздухот?

Светската здравствена организација наведува дека загадениот воздух е поврзан со 3 милиони смртни случаи во светот, и со тоа претставува многу голем ризик за здравјето и животната средина, пишува nationalgeographic. 

Дејв Новак од Шумската служба во САД со години го проучувал влијанието на дрвјата, и дошол до заклучоци. 

Во градските средини имало подобрување за повеќе од 1% кај загадениот воздух. 

Секако овој процент зависи од загадувачите, а максимумот може да биде 15%. 

Но, намалувањето на загадувањето има бенефити за здравјето на луѓето. 

Новак открил дека дрвјата во САД отстраниле 17,4 милиони тони загаден воздух, или за 850 смртни случаи годишно помалку. 

Четинари и брестови се добри за оваа намена, но и дабово дрво. 

Но, многу е важно каде ги садиме дрвјата. Покрај патиштата најдобро е да има дрвја од страна, и така се стопира загадувањето да не оди подалеку. 

фото nationalgeographic

Слично

Поврзани вести