Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали да земате лекови против болка како ибупрофен пред и после вакцината против ковид: Лекарите велат не

Дали да земате лекови против болка како ибупрофен пред и после вакцината против ковид: Лекарите велат не

Во Македонија се уште нема вакцини, ама има најави дека ќе стасаат брзо, а денеска се потпишува договор за набавката на кинеските вакцини. Сепак ако стигнат брзо, важно е да се знаат некои работи во однос на вакциналната реакција. Светските медиуми пишуваат за тоа кои таблети може да се примаат доколку се вакцинирате и чувствувате некои болки. По вакцината можно е да немате никакви симтопми, а можно е да се развијат и некои ситни симптоми на грип, вклучувајќи болка и оток на местото на инјектирање, треска, замор или главоболка. Сето ова е сосема нормално, бидејќи тоа во основа покажува дека имуниот систем е подготвен за борба против вирусот.

Ричард Воткинс професор по интерна медицина на Медицински универзитет во Охајо вели дека болките треба да бидат краткотрајни. Но што ако се пролонгираат повеќе денови? Американскиот центар за заразни заболувања и превенција препорача да се избегнуваат лекови за олеснување на болка како ацетаминофен или ибупрофен (Адвил) пред и после вакцината.

Ибупрофен е во класата на лекови познати како нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). „Ибупрофен работи со инхибиција на ензимите во вашето тело - COX-1 и COX-2 - за да се намали воспалението и исто така може да помогне во намалување на треска и болка.

Сосема е логично дека секој би сакал да ја намали болката или треска во случај на непријатни симптоми, но во овој момент е нејасно како овие лекови ќе влијаат на способноста на вакцината да ги создаде тие важни антитела кои се борат против КОВИД.

„Постојат неколку мали студии на деца кои треба да прават редовни вакцини - не КОВИД вакцини - што може да покаже дека земањето ибупрофен или ацетаминофен пред да се вакцинирате може да го намали одговорот на вашето тело малку“, вели Вилијам Шафнер, д-р. специјалист за инфективни болести и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Вандербилт.

„Но, никој навистина не знае дали ова има какво било клиничко значење и никогаш не е проучено во клиника, вели тој

Докторите, затоа, препорачуваат додека не се направат повеќе истражувања и не се разберат импликациите, граѓаните кои планираат да се вакцинираат да бидат претпазливи и едноставно да се избегнува да се земаат овие лекови брзо пред вакцината бидејќи постои ризик дека ова може да ја „направи вакцината помалку ефикасна“.

Слично

Поврзани вести