Дали чоколадото е добро или лошо за здравјето? Ова е одговорот!
Ако сакате да доживеете „стотка“ јадете малку чоколадо секој ден. Но само малку!, советува познатиот лекар Санџај Гупта. Чоколадото, меѓу другото содржи шеќери и масти, па со него секако внесувате и калории. Но, д-р Гупта тврди дека, ако не претерате со количеството, чоколадото всушност ќе му помогне на вашето тело да согори повеќе калории отколку што ќе внесете.
Исто така, верувале или не, постои добро и лошо чоколадо. Добро е она кое содржи 60% какао или повеќе. Ваквите чоколади имаат повеќе антиоксиданси кои ќе му помогнат на вашиот организам да ги исчисти штетните материи.
Чоколадото со висок удел на какао ќе ви го намали и нивото на холестерол во крвта. Значи, за долг живот, едноставен рецепт: малку чоколадо секој ден.
Слично
