Дали „Чернобил“ ќе биде претворен во соларен парк?
Властите во Украина сакаат да го претворат Чернобил - една од најголемите еколошки катастрофи на светот во огромен соларен парк.
Украинскиот министер за екологија, Остап Семерак деновиве кажа дека властите во Киев планираат да ја претворат некогашната нуклеарна централа „Чернобил“ во огромен соларен парк. За реализација на идејата има повеќе заинтересирани инвеститори, меѓу кои е и Европската банка за обнова и развој.
„Успехот на овој проект би отвроли и други можности, а Чернобил со тоа би станал зона на иновации. Нивото на радијација значително опаднало во последниве 30 години“- изјави Семерак.
Објаснува дека земјиштето околку „Чернобил“, каде во 1986 година се случи досега најголемата нуклеарна хаварија, не може да биде користено за земјоделство, па затоа властите планираат да го откупат и на таа локација да изградат соларен парк.
На површина од 6.000 хектари треба да бидат поставени соларни колектори, кои би произведувале електрична енергија со капацитет колку и некогашната нуклеарка.
