Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ БРИТАНИЈА ЌЕ СЕ СПАСИ: Можеби нема да треба да и плати 50 милијарди фунти на ЕУ за Брегзит

ДАЛИ БРИТАНИЈА ЌЕ СЕ СПАСИ: Можеби нема да треба да и плати 50 милијарди фунти на ЕУ за Брегзит

Британскиот министер Дејвид Дејвис, одговорен за процесот на Брегзит, изјави дека не се очекува Велика Британија да треба да плати 50 милијарди фунти на Европската унија како дел од одржување на процесот по разводот со блокот и ерата на огромните суми исплатени на Брисел е веќе кон својот крај, соопштува Агенцијата Ројтерс. 

Повод за овие коментари се сателитска претпоставка на британските медиуми дека во врска со преговорите за напуштање на Унијата, Велика Британија може да треба да плати меѓу 50 и 60 милијарди фунти за да ги исполни преземените обврски кон заедничкиот европски буџет.

„Всушност ние не сме потчинети под некаква форма на Европската комисија, но нашето мислење е доста поедноставено. Ние ќе ги исполниме обврските, бидејќи сме земја која го почитува законот„, изјави Дејвис во денешно интервју за телевизијата ITV. „Ќе ги пречекаме нашите одговорности, но ние не очекуваме дека треба да платиме слични средства во износ од околу 50 милијарди унти. Ерата на огромни суми исплатени кон Европската унија, е веќе при крај, па откако ние го напуштиме блокот , тоа ќе е сè што должиме“, додал тој.

Во меѓувреме, францускиот кандидат за претседател Франсоа Фијон изјави дека ЕУ не треба да се стреми да ја казни Велика Британија за време на процесот на Брегзит . Тој, сепак, додаде дека 27-те членки на Европската унија треба да покажат цврстина за време на претстојните преговори со Велика Британија.

Слично

Поврзани вести