Дали Брегзит ќе ја ослабне ЕУ?
Без оглед на тоа какво сценарио ќе се случи по излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе ослабне заедницата, изјави на прес-конференција во Берлин, вице премиерот во Германија, Зигмар Габриел.
„Самиот факт дека Велика Британија одлучи да го напушти европското семејство, е сериозно решение, што доведува до зголемување на неизвесноста, до слабеење на Европа" - посочи Габриел.
Уште е рано да се каже како ќе протече "разводот" со Велика Британија, и дали тоа ќе биде на пофлексибилен начин, истакна тој. Дотогаш нема смисла да се расудува каде можат да направат отстапките на ЕУ, изјави заменик-канцелар на СРГ.
Слично
