Дали блокадата на Калининград може да доведе до војна?
Блокадата на Калининград може да доведе до вооружен конфликт, предупреди рускиoт пратеник Владимир Џабаров.
Одбивањето на Литванија да дозволи премин на некои стоки кои се предмет на европски санкции до руската балтичка ексклава Калининград може да предизвика војна.
„Ако видиме дека заканата за нашата безбедност е поврзана со територијална загуба, ние сигурно ќе преземеме екстремни мерки и ништо нема да не спречи“, вели пратеникот.
Претходно имаше предупредување од Кремљ дека ќе одговори на наметнатите ограничувања за транзит на стоки во регионот Калининград. Ексклавата на Русија се граничи со Полска и Литванија. Пратките на јаглен нема да можат да транзитираат од август, а пратките на нафта и производи од нив од декември. Поради руската инвазија на Украина изречени се серија санкции.
