Дали би се развеле заради данок?
Дали би сте се развеле за да ја „измамите“ државата и да не платите данок? Токму тоа се прави во Кина, каде што се повеќе граѓани во разводот бараат спас од данокот на имот.
Имено, цената на недвижностите во Кина значително се намали заради урбанизацијата, но даноците се зголемија. Во случај на продажба на секундарен имот, локалната самоуправа ги оданочува граѓаните со даночна стапка од 20%, што е екстремно високо ако се спореди дека даночната стапка за оние што имаат само еден имот изнесува само еден процент.
Но, технички со развод на секој од двајцата сопружници му останува по еден имот, со што се избегнува високата даночна стапка. Недвижноста се продава, а потоа парот може пак да се венча.
Во кинеските таканаречени„Канцеларии за регистрација на бракот“ наведуваат дека знаат оти луѓето понекогаш се разведуваат за да ја избегнат даночната обврска, но не можат да влијаат врз слободата на склучување и раскинување на бракот.
Но, ваквите идеи можат да донесат и неочекувани проблеми. Некои сопружници, имено, го користат овој даночен превид за да можат полесно да се разведат. Под изговор дека се разведуваат од партнерот за да избегнат даночна обврска, тие всушност полесно добиваат согласност за развод од брачниот другар, а потоа стапуваат во брак со друго лице.
Б.А.
Слично
