ДАЛИ БИ ГИ КУПИЛЕ: Дупло поефтини станови, но има една загатка, на некој му смета, на некој не!
Становите во Хонг Конг, во кои се случиле неколку насилни убиства и смрт, се продаваат по значајно пониска цена.
Агентот за недвижнини Семи По во Хонг Конг објаснил за агенцијата Блумберг дека „проклетите“ станови во кои се случила насилна смрт, се поефтини во просек за десет до 20 одсто, а дека цената може да падне и за 50 одсто.
„Кинезите веруваат дека проклетите станови „hung jaak“ носат несреќа“, изјавил По.
Така стан во Хонг Конг во кој се случило двојно убиство се продава дупло поефтино отколку што е неговата пазарна цена.
Овој феномен зема замав на пазарните недвижнини во Хонг Конг така што на сајтот squarefoot.com.hk се продаваат станови каде се случила насилна смрт.
Во моменталната понуда има 190 такви станови, во кои се случило самоубиство на еден адолесцент, потоа убиство на трудница, самоубиство на стогодишник, убиство поради долгови и слично.
Ексклузивните недвижнини во Хонг Конг се најскапи на светот, оценува глобалната консултантска компанија за трговија со недвижнини Савилс, која наведува дека најексклузивните недвижнини во Хонг Конг во просек чинат 77.040 евра за квадратен метар.
Просечната цена за изнајмување во Хонг Конг месечно е 1500 евра.
Поради високите цени на недвижнини, агентите се сетиле како да ги намалат цените на барем поедини станови, прокоментирал весникот Фигаро.
По препорака на агенотот новите сопственици на „проклетите станови“ обично применуваат неколку сеанси на фенг шуи, древни кинески уредувања на просторот и живеење во согласност со околината.
