ДАЛИ БЕЗБЕДНОСТА И НА ПУТИН Е ВО РИЗИК? Стигна реакцијата на Москва по обидот за атентат на Трамп: „Се прави сè што треба да се направи“
Безбедносните мерки за претседателот на Русија, Владимир
Путин, се зајакнати и покрај обидите за ликвидација на лидерите на другите
земји и се прави се што е потребно за тоа, изјави прес-секретарот на шефот на
руската држава Дмитриј Песков.
„Безбедносните мерки веќе се зајакнати од очигледни причини, без оглед на споменатите инциденти“, рече портпаролот на Кремљ, одговарајќи на прашања за потребата од зајакнување на безбедносните мерки на Путин по обидите за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп и словачкиот премиер Роберт Фиц.
Безбедноста на шефот на државата е на соодветно ниво, се прави сè што треба да се направи, имајќи ја предвид, се разбира, меѓународната ескалација на тензиите воопшто“, нагласи Песков.
Фицо се здоби со неколку прострелни рани за време на обидот за атентат на 15. мај и беше подложен на серија операции. Напаѓачот е приведен.
Обидот за атентат врз Трамп се случи завчера на предизборен митинг во Пенсилванија. Поранешниот американски претседател е ранет, но неговиот живот не е во опасност, раната била полесна.
Во нападот на Трамп загина еден од неговите поддржувачи. Напаѓачот бил убиен од припадници на Тајната служба, која го обезбедува поранешниот претседател.
фото: EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV