Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали авионите Ф-16 можат да ја сменат ситуацијата на бојното поле во Украина?

Дали авионите Ф-16 можат да ја сменат ситуацијата на бојното поле во Украина?

Две земји, Холандија и Данска ја предводат иницијативата за обука на украинските пилоти за управување со Ф-16 и испораката на тие борбени авиони на Украина. Ројтерс објави неколку факти за сојузот на западни земји кои ќе ѝ испорачаат авиони и ќе ги тренираат пилотите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донацијата ја нарече „клучен договор“ и кажа дека авионите ќе ја засилат украинската воздушна одбрана и ќе помогнат во контраофанзивата против руските сили. Американски функционери приватно кажаа дека Ф-16 нема многу да ѝ помогнат на Украина и дека нема да го сменат односот на силите кога ќе стигнат на боиштето имајќи ги предвид руските системи за противвоздушна одбрана и нивната надмоќ над небото над Украина. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников кажа дека шест месеци обука се смета за минимум за пилотите, но сè уште не се знае колку ќе трае обуката на инженерите и механичарите.

Полска и Словачка ѝ испорачаа 27 авиони МиГ-29 на Украина, но без каков било ефект. Украина спроведува контраофанзива за да ги врати окупираните територии. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести