Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Америка денес го има најлошиот претседател?

Дали Америка денес го има најлошиот претседател?

Од страна на еден американски универзитет, во периодот од 3 до 5 март е спроведена анкета со која се испитува мислењето на јавноста за американските претседатели, рангирајки ги во листа според критериум најдобри и најлоши претседатели .

Актуелниот претседател на САД  Доналд Трамп, по спроведената анкета, е оценет како најлош претседател на оваа земја од крајот на Втората светска војна.

Според рангирањето на гласачите 41% сметаат дека Трамп е  најлошиот претседател после 1945 година.

На второто место на оваа листа се најде Барак Обама, со 21 отсто гласови. Трет најлош претседател, според оваа анкета е Ричард Никсон со 10 отсто од гласовите.

Спротивно на оваа листа за најдобар американски претседател по Втората светска војна најмногу гласови доби Роналд Реган, кој според испитаниците е најдобар претседател од 1945 година па наваму.

На второ место и на оваа листа се најде Барак Обама, кој, интересно, е второпласиран и во категоријата на најлоши претседатели. Според мислењето на испитаниците очигледно е дека  има многу поделени мислења кога е во прашање начинот на кој Обама ја вршеше оваа висока функција.

Бил Клинтон и Џон Кенеди го делат третото место на најдобри претседатели на САД.

Со оваа анкета е дојдено до заклучок дека американците се разочарани од владеењето на Трам и дека ниту еден претседател во последните 74 години не ја водел државата на начин каков што тој ја води денес, со константни отпори од страна на јавноста.


Слично

Поврзани вести