Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали 2016 година ќе стане најтоплата во историјата?

Дали 2016 година ќе стане најтоплата во историјата?

2016 година може да стане најтоплата во историјата на набљудувањата. 

Оваа година може да стане најтопла во историјата на климатските мерења, прогнозира Светската метеоролошка организација (СМО).  Во соопштението на организацијата објавено во Женева, се наведува дека најверојатно во 2016 година ќе бидат надминати дури и рекордно високите температури од 2015 година. 

Од јануари до септември 2016 година температурата била со 0,88 степени повисока од просечната за периодот 1961 - 1990 година (14 степени Целзиусови), кои послужиле како основа. Во првите месеци од оваа година имало остар температурен скок поради моќната природна појава Ел Нињо, а топлиот октомври им даде на експертите основи за прогнози дека на крајот на 12-те месеци ќе биде утврден нов рекорд. Ова ќе значи дека 16 од 17-те топли години во историјата на набљудувањата се во сегашниот век. Другата е 1998 година. 

.


Слично

Поврзани вести