Економија, финансии, бизнис

Контакт

Далеку сме од крај на пандемијата и затоа СЗО советува како да се реализираат патувања

Далеку сме од крај на пандемијата и затоа СЗО советува како да се реализираат патувања

Во светот би требало да се сменат правилата за патување. 

Не треба да се бара патен документ за вакцинација против коронавирусот, порачуваат од Светската здравствена организација (СЗО). 

СЗО повика на признавање на сите вакцини што се одобрени од СЗО за итна употреба и на сите шеми за вакцинација.  Велат дека далеку сме од крај на пандемијата.  СЗО соопшти дека не треба да се бара доказ за вакцинација против КОВИД-19 за меѓународно патување како единствена опција или услов што дозволува меѓународно патување, со оглед на ограничениот глобален пристап и нерамномерната дистрибуција на вакцините.  Според нив,  земјите треба да размислат за пристап заснован на ризик за да го олеснат меѓународното патување со укинување или изменување на мерките како што се барањата за тестирање и карантин. 

Во светот Русија урива рекорди со бројот на заразени и починати, а во триесетина земји ја има и варијантата  делта плус. 

Слично

Поврзани вести