ДАЈТЕ МИ 24 ЧАСА, СТАВАМ КРАЈ НА ВОЈНАТА СО УКРАИНА: Сензационализам или вистина?
Поранешниот американски претседател и можен републикански претседателски кандидат Доналд Трамп им вети на своите гласачи дека ќе ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа , доколку биде реизбран. Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин почнал да распоредува војници на границата со Украина по „катастрофата“ со неговото „избркање од Белата куќа“, пренесува Кликс.
"Тој ја обвини администрацијата на претседателот Џо Бајден дека не се ни обидува да преговара со Путин. „Не е случајно што „длабоката држава“ уште повеќе ме брка откако ветив дека ќе ја завршам војната во Украина “, рече Трамп. Тој додаде дека би можел да ја заврши војната „многу брзо“ откако ќе биде избран за претседател.
Ќе постигнам договор во рок од 24 часа. Денеска стојам пред вас, јас сум единствениот кандидат кој го даде тоа ветување. Ќе застанам на патот на Третата светска војна кон која одиме “, рече Трамп.
Исто така, важно е да се истакне дека Трамп претходно беше познат по популистички изјави кои не беа втемелени во реалноста, а сето она што досега е видено во Украина јасно води до заклучокот дека е практично невозможно да се запре руската инвазија во временската рамка спомената од Трамп.
