„Daimler“ преговара со „Aston Martin“
Претставници на концернот Daimler потврдија дека во фаза се преговори со британскиот производител на автомобили „Aston Martin“ за потпишување на договор за техничка соработка.
„Иако двете компании се познаваат одлично и имаат огромна почит една кон друга, засега преговорите не постигнале очекувани резултати и не се донесени никакви конечни решенија“, се вели во официјалното соопштение за медиумите од „Daimler“.
Од она што се дознава е дека во преговорите меѓу двата производители учествуваат и претставници на италијанскиот инвестициски фонд „Industrial“ кој минатата година купи 37,5% од акциите на британската компанија. За нив беше платена сума од 150 милиони фунти ( 241 милион долари).
Од „Aston Martin“, која оваа година одбележува едновековен јубилеј, не ја кријат намерата да се најде нов партнер во создавање на нови мотори. Британците сакаат да создадат модели, кои ќе се конкурентни на оние од „Bentley“, „Ferrari“ и „Maserati“, а за целта сметаат за следните четири години да инвестира околу 777 милиони долари.
Извор: Автоплус
Слично
