ДАДОА РОК ОД 48 ЧАСА: Украина бара објаснување за руските воени активности близу границата
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба вели дека Украина побара објаснување од Русија во рок од 48 часа, за нејзините „воени активности“ во областите во близина на границата помеѓу двете држави.
„Во случај да нема одговор или ако е недоволен или неважен, Украина ќе се обрати до Русија и другите потписнички на Виенскиот документ со цел да одржи вонреден состанок на кој Русија ќе треба да даде објаснување“, рече Кулеба.
Тој на „Твитер“ објави дека Киев официјално почнал механизам за намалување на ризикот во согласност со став III од Виенскиот документ и побара од Москва да даде детални објаснувања за воените активности во областите во близина на територијата на Украина и Крим, пренесува ТАСС.
Инаку, Украина доби оружје од САД. Авион вечерва стигна во Киев.
Москва не може да го прифати колективниот одговор на земјите-членки на НАТО за почитување на принципот на неделивост на безбедноста и чека детална реакција од секоја земја до која е испратено писмото, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.
foto freepik.com
