Дадаев: За убиството на Немцов ми ветија 5 милиони рубљи
Главниот осомничен за убиството на Борис Немцов, Заур Дадаев изјавил пред истражниот суд дека лично го убил Немцов поради повреда на религијата, но му биле ветени 5 милиони рубљи за вршење на делото.
Ова го објави новинската агенција „Росбалт“, која се повикува на материјали од истрагата за убиството.
Веднаш по неговото апсење Дадаев признал дека не го извршил убиството заради пари, туку поради верски ставови, кои биле кажани од Немцов, кој ја поддржал карикатури на пророкот Мухамед. Но Дадаев истакнал пред органите дека маж со име Руслик му ветил дека ќе му плати 5 милиони рубљи (околу 81 илјади долари), ако убие Немцов.
Потсетуваме предходно Дадаев изјавил дека не го извршил убиството и дека бил принуден од истражните судии да каже дека он е сторителот. Руските власти уапсија пет лица во врска со убиството. Сите тие тврдат дека се невини.
