ДА СЕ УЧИ ОД БОГАТИТЕ: Што прави Холандија со општините
Холандија, една од најбогатите земји на Европа, со 17 милиони жители, веќе со години го намалува бројот на единици на локална самоуправа со нивно укинување и спојување.
Од 1 јануари 2018-та Холандија ќе има 380 општини, што е за осум општини помалку од оваа година. За споредба, во 2007 година имале 443 општини.
Хрватските медиуми тоа го споредуваат со нивната земја која со околу 4 милиони жители има дури 428 општини, 127 градови, и 20 окрузи и дека не планира да ги рационализира.
Холандските општини во просек имаат 45 000 жители, а во Хрватска таков просек е 6 000.
Истражувањето на Економскиот институт од пред неколку години покажало дека би требало да се укинат 250 општини и 77 градови бидејќи не можат да функционираат без државна помош.
