Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КАТАР: Ердоган вели еден муслиман не смее да воведе санкции на друг

ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО КАТАР: Ердоган вели еден муслиман не смее да воведе санкции на друг

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган го повика саудискиот крал Салман да го реши спорот со Катар пред крајот на Рамазан.

Во интервју за португалската телевизија Ер-Те-Пе, Ердоган изјави дека муслиманските држави не треба да воведуваат санкции на други муслимански држави.

Турција која го поддржува Катар се обидува да ја реши кризата со дипломатија. 

„Ние сакаме да биде решено до крајот на Рамазан. Кралот на Саудиска Арабија може да преземе таков чекор за надминување на кризата. Еден муслиман не може да воведува санкции на друг муслиман, особено за време на Рамазан“- вели Ердоган. 

Минатата недела повеќе арапски држави ги прекинаа дипломатските односи со Катар обвинувајќи ги за поддршка на тероризам и екстремистички организации како и сојуз со Иран.

Турскиот министер за надворешни работи,  Мевлут Чавушоглу денеска ќе ја посети Саудиска Арабија со цел решавање на кризата.

Слично

Поврзани вести