Да се продаде имотот на руските олигарси за помош на Украина, предлага Мишел
Има предлог имотот на руските олигарси да се продаде и парите да се вложат во Украина.
Шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел вели дека Европската унија треба да го продаде запленетиот имот на олигарсите. ЕУ објави дека замрзнала над 30 милијарди евра руски средства.
„Запленувањето на имотот на санкционирани лица не е толку едноставно. Тоа би бил тежок и долг процес“, рече Шарл Мишел.
Откако Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари годинава, ЕУ и САД воведоа санкции за агресорот. Воедно, многу држави запленија имоти на руски бизнисмени.
Слично
