Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се предадат или ќе умрат, сепаратистите велат дека Украинците во Северодоњецк немаат избор

Да се предадат или ќе умрат, сепаратистите велат дека Украинците во Северодоњецк немаат избор

Сепаратистите им порача на Украинците во градот Северодоњецк или да се предадат или ќе умрат. 

Руските сили сега контролираат голем дел од Северодоњецк, центарот на крвавата битка за Донбас. 

„Тие имаат две опции - или ќе го следат примерот на своите колеги и ќе се предадат или ќе умрат“, рече Едуард Басурин началникот на Одделот за народна милиција на ДПР,  пренесе Ројтерс.

Украина упати сè поитни повици за испорака на западно оружје како помош во одбраната на Северодоњецк, за што Киев вели дека е клучот за исходот на битката за контрола на источниот регион Донбас. 

Началникот на воената администрација на регионот Луганск, Серхиј Хејдеј денеска изјави дека Украина сè уште успева да евакуира некои луѓе од градот, пишува Си-ен-ен. Се смета дека 500 луѓе се во фабриката Азот. Русија на 24 февруари ја нападна Украина.  Денеска е 110 ден од војната во Украина.

Украинските војници жестоко се борат за „секој метар“ од Северен Доњецк, изјави синоќа украинскиот претседател Владимир Зеленски, во време кога руските сили го уништија мостот на реката, по што цивилите останаа со само еден излез, пренесува Ројтерс.

foto EPA

Слично

Поврзани вести