Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се нападне вирусот, порача СЗО

Да се нападне вирусот, порача СЗО

Сите земји кои воведоа карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, мора времето да го искористат за да го „нападнат вирусот“, порача генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханан

-Ќе ја надминеме и оваа криза, како што и во минатото се соочивме со многу пандемии и кризи, изјави Тедрос на редовниот брифинг со медиумите

Сведувањето на минимум на движењето на луѓето, според него, овозможува да се „купи време“, со што се намалува притисокот врз здравствените системи и не се дозволува преоптоварување на болниците. Сепак, Тедрос нагласи, дека ваквите мерки, сами по себе нема да ја згаснатпандемијта. .

„Ги повикуваме сите земји ова време да го искористат за да го нападнат вирусот“ рече Тедрос и наведе шест клучни акции што СЗО ги препорачува земјите да ги преземат. Прво, да обучат, распоредат и да го зголемат бројот на здравствени работници, и да применат систем за откривање на секој сомнителен случај. 

Според него, многу е важно да се зголеми производството, капацитетот и можноста за тестирање и да се идентификуваат, прилагодат и опремат установите што ќе користат лекување и изолација на пациентите. Како петта акција тој наведе дека државите треба да развијат јасен план и процес за ставање во карантин на оние кои биле во контакт, а како шеста дека треба цело владино внимание да се насочи кон сузбивање и ставање под контрола на Ковид-19.



Слично

Поврзани вести