Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да прекине броењето на гласовите во Мичиген, бара Трамп

Да прекине броењето на гласовите во Мичиген, бара Трамп

Штабот на американскиот претседател Доналд Трамп денеска поднесе барање да прекине броењето на гласачките ливчиња на претседателските избори во сојузната држава Мичиген.

„Денеска поднесовме барање пред судот во Мичиген да престане броењето додека не ни се овозможи пристап“, се наведува во соопштението на изборниот штаб на Трамп.

„Ние, исто така, бараме да се прегледаат оние гласачки ливчиња што беа отворени и преброени пред да имаме пристап“, се додава во соопштението на кампањата на Трамп.

Победата во Мичиген носи 16 електорални гласови. 

„Сѐ уште не е одлучен победникот на претседателските избори во САД, изјави Мич Меконел, лидерот на републиканците во американскиот Сенат. 

За победа на изборите се потребни еден од кандидатите да освои најмалку 270 вакви изборни гласови. 

Слично

Поврзани вести