Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ ОСТАНЕ ИЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА“: Кандидатурата на Бајден пред голем тест

„ЌЕ ОСТАНЕ ИЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ТРКА“: Кандидатурата на Бајден пред голем тест

Демократите се убедени дека американскиот претседател ќе се откаже од својата кандидатура за реизбор

Кандидатурата на Бајден привршува, па дури и некои од неговите најверни поддржувачи полека се откажуваат од тврдоглавото верување дека тој треба да ги претставува демократите на изборите. Ненси Пелоси е убедена дека Бајден наскоро ќе се откаже, додека „Фокс бизнис“ најавува дека тоа би можело да се случи веќе утре.

– Мислам дека е готово – изјави за „Аксиос“ висок демократ од Претставничкиот дом и покрај тоа што тимот на Бајден сè уште не признава дека актуелниот лидер на Америка ќе се предомисли.

Остарениот претседател, кој сега е во изолација поради инфекција со корона вирусот, не се рекламира јавно, но, како што велат некои демократи за и тој се помирил со зголемениот притисок, лошите анкети и неодржливото продолжување на кампањата.

Американскиот новинар Марк Халперин на Твитер потврди дека Бајден веќе одлучил да се повлече, но посочи дека претседателот, доколку се повлече, нема да го поддржи Харис.

АBC, исто така, објави дека Бајден нарачал истражување на јавното мислење за да открие какви се шансите на Харис да победи во претседателската трка доколку го замени.

Промените на врвот добија аура на неизбежност, вели демократот Ричи Торес, додека соговорниците на „Аксиос“ тврдат и дека Бајден веднаш ќе го објави своето повлекување за да го „украде центарот на вниманието“ од Трамп по говорот за прифаќање на републиканската кандидатура.

Приватни разговори на Бајден со лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис и поранешната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, се појавија во јавноста во последните 24 часа, а во секој од нив, конгресните лидери, наводно, го предупредиле Бајден дека неговото останување во трката може да има штетни изборни последици за демократите.

Во четвртокот се дозна дека пратеникот Џејми Раскин, истакнат член на Надзорната комисија на Претставничкиот дом, му пишал на Бајден претходно овој месец, барајќи од него да ја преиспита својата кандидатура за реизбор.

Бајден ја доби јавната поддршка од десетици демократи во Претставничкиот дом и Сенатот, додека дваесетина од нив го повикаа да поднесе оставка.


Слично

Поврзани вести