ДА НЕ СЕ ПРЕТЕРУВА И СО УКРАСУВАЊЕТО - шест лица во Швајцарија се повредени откако врз нив паднаа греди со божикни светилки
Шест лица се повредени на истокот на Швајцарија во трговски центар каде паднале божиќни украси, соопшти локалната полиција. Според неа, паднале греди на кои биле поставени шарени светилки и други празнични украси.
Инцидентот се случил во гратче во кантонот Швиц, а според локалните медиуми зградата била евакуирана откако украсите паднале.
Медиумите објавија фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат бројни возила на брза помош.
Полицијата соопшти дека сите повредени се пренесени во блиската болница.
Слично
