Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА НЕ ГО КОРИСТАТ БРЕМЕНИ ЖЕНИ ИЛИ ЖЕНИ КОИ ПЛАНИРААТ БРЕМЕНОСТ - ЕМА го препорача лекот на Мерк за лица со ризик од тешка форма на болеста

ДА НЕ ГО КОРИСТАТ БРЕМЕНИ ЖЕНИ ИЛИ ЖЕНИ КОИ ПЛАНИРААТ БРЕМЕНОСТ - ЕМА го препорача лекот на Мерк  за лица со ризик од тешка форма на болеста

Европскиот регулатор за лекови, ЕМА, препорача експерименталниот лек на Мерк да им се даде во рок од пет дена од првите симптоми на пациентите заразени со ковид-19, на оние возрасни заболени лица на кои не им треба кислород, но се изложени на ризик да развијат тешка форма на болеста.

Европската агенција за лекови (ЕМА) наведува дека лекот што Мерк го разви со „Riddgeback Biotherapeutics“ треба да се зема два пати на ден во период од пет дена.

Лековите за корона во никој случај не се замена за вакцина, велат експертите

Сепак, ЕМА советува со овој лек да не се лекуваат бремени жени или жени кои планираат бременост.

„ЕМА издаде препорака за поддршка на националните тела кои би можеле да одлучат за можната рана употреба на лекот пред да биде пуштен на пазарот, во светло на зголемените стапки на инфекции и смртни случаи поради ковид-19 низ ЕУ“, соопшти европскиот регулатор.

ЕМА почна да го разгледува лекот лагеврио на Мерк минатиот месец, а во петокот почна да ја прегледува документацијата за лекот на Фајзер, за евентуално да даде препораки за неговата употреба пред одобрувањето.

Европскиот регулатор, исто така, во петокот рече дека не треба да доиме за време на лекувањето со лекот Мерк лагеврио.

Слично

Поврзани вести