ДА ЈА НАПУШТАТ РАБОТАТА: Ваква порака е упатена до француските војници кои споменуваа граѓанска војна
На француските војници кои предупредија на „граѓанска војна“ им е порачано да си заминат.
Началникот на генереалштабот на армијата Франсоа Лекоантр ја повика групата војници кои во отвореното писмо објавено пред два дена предупредија на опасноста од „граѓанска војна“ во Франција, да ги напуштат вооружените сили.
Во писмото објавено на интернет страницата на весникот кој изразува десничарски ставови Valeur Actuelles, војниците предупредуваат на можното избувнување немири во Франција поради „отстапките“ коишто ги прави пратседателот Емануел Макрон на исламизмот.
На интернет страницата на Valeur Actuelles свои потписи за поддршка на содржината на споменатото писмо ставиле до вторникот 75.000 луѓе.
Слично
