Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДА ИМА ПОВЕЌЕ НАТО ТРУПИ ВО ЦРНОТО МОРЕ: Романскиот претседател бара заштита за Молдавија

ДА ИМА ПОВЕЌЕ НАТО ТРУПИ ВО ЦРНОТО МОРЕ: Романскиот претседател бара заштита за Молдавија

Романија бара НАТО да ја заштити Молдавија. 

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е потребно поголемо присуство на трупите на НАТО во Црно Море. Шолц рече дека двете земји сакаат да направат заеднички напори за поддршка на соседна Молдавија по рускиот напад врз Украина. Тој го поздрави отворањето на фабриката на германскиот воен производител Рајнметал во Романија.

Дел од молдавските граѓани се плашат дека и кај нив може да избие војна. Приднестровје се отцепи од тогашната советска Молдавија во 1990 година. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, проруските сепаратисти водеа војна со молдавските владини сили. Но, оваа територија иако Русија ја смета за своја, не е меѓународно признаена како независна.

Молдавија минатиот месец донесе одлука со која молдавскиот го преименува во романски јазик.   Претседателката Маја Санду лани изјави дека за можно обединување на Молдавија со Романија ќе одлучи народот. 
Слично

Поврзани вести