ДА БИДАМ ИСКРЕН, ВЕДНАШ БИ СИ ОТИШОЛ, НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ЗА НИШТО: Украинците објавија снимка, тврдат дека ова руски војник и го кажувал на својата баба
Советник на министерот за надворешни работи на Украина Антон Герашченко објави видео на својот профил на Телеграм, на кое наводно се гледа телефонски повик од руски војник до неговата баба. На почетокот на телефонскиот разговор, бабата го прашала војникот „Боже, кога ќе заврши ова“, на што тој одговорил дека ситуацијата е страшна, пренесува The Sun.
Тој рече дека целата негова бригада била убиена и дека не знаел како Бог го спасил. „Да бидам искрен, веднаш би заминал од овде, не ми е гајле“, рекол наводно рускиот војник во повикот.
„Главната работа е да се преживее пеколот. Мислевме дека се ќе биде готово за две недели. Помина речиси еден месец“, вели тој.
Во повикот до баба му спомнал дека е студено и дека „му се смрзнале рацете и нозете“.
ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПОД ОГЛАСТА
„Нека одат бестрага и овие пари, тие никому не му требаат“, вели тој.
Овој повик доаѓа по друг во кој војникот се пожалил дека неговите соборци добиле смрзнатини и наишле на жесток украински отпор.
Зборувајќи со командантот во триминутниот телефонски разговор, војникот вели дека руските војници биле принудени да се возат со починатите, бидејќи тие не можеле да бидат транспортирани во Русија. Тој напоменува и дека руските војници не можат да ги задоволат посновните потреби за живот и медицинска нега.
Друг војник, наводно, удрил со тенк во тенкот на неговиот командант, во знак на протест за ужасните загуби меѓу неговите соборци. По пријавениот инцидент, според Твитер и американските медиуми, е хоспитализиран полковникот Јуриј Медведев со тешки повреди на ногата.
Индекс.хр