Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да беше Меркел на власта, немаше да има војна, смета Орбан

Да беше Меркел на власта, немаше да има војна, смета Орбан

Да беа Трамп и Меркел на власт, немаше да има војна, смета унгарскиот премиер Виктор Орбан. 

Орбан вчера повика на преговори меѓу Вашингтон и  Москва за ставање крај на војната во Украина, критикувајќи ги „неефикасните санкции и стратегијата на Европската унија (ЕУ)“. Вели дека конфликтот во Украина немаше да се случи доколку Доналд Трамп сè уште беше претседател на САД, а Ангела Меркел беше германска канцеларка.  Според него, санкциите, со нивното разорно економско влијание, „нема да ја променат ситуацијата“ и „Украинците нема да излезат како победници. 

„Потребна е нова стратегија, која треба да се фокусира на мировните преговори наместо да се обидува да ја добие војната. ЕУ не смее да застане на страната на Украинците, туку да се позиционира“ меѓу двата табора, изјави унгарскиот премиер“, рече Орбан, оценувајќи дека колку повеќе Западот испраќа оружје во Украина, толку подолго ќе трае војната, пренесува Бета. 

Орбан вели дека само руско-американските разговори можат да стават крај на конфликтот бидејќи Русија сака безбедносни гаранции кои само Вашингтон може да ги обезбеди. Војната почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести