Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cветските рударски компании ќе потрошат 244 милијарди долари за проширување на бизнисот

Cветските рударски компании ќе потрошат 244 милијарди долари за проширување на бизнисот
Речиси 244 милијарди долари планираат да потрошат најголемите рударски компании во светот, со цел, проширување на бизнисот во периодот 2013-2015 година. Оваа сума е за 2,4 % помалку во споредба со индивидуалните во претходниот тригодишен период. Компаниите многу бавно ги намалуваат своите капитални трошоци, и покрај повиците на голем број експерти, вклучително и на главниот извршен директор на Glencore Xstrata Ајвен Глазенберг, за намалување на инвестициите, за да се стави крај на вишокот снабдување на суровини на светскиот пазар. Во Glencore Xstrata очекуваат дека нејзините трошоци за нови проекти во наредните 3 години ќе достигнат 29 милијарди долари, по што ќе се намалат до 4-5 милијарди долари годишно. Во последните 18 месеци рударските компании мораа да отпишат вкупно околу 60 милијарди долари поради падот на цените на суровините.  
Слично

Поврзани вести