Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦУНАМИ - НОВА ЗАКАНА ЗА ЈАПОНИЈА! Првиот бран ја погоди Јапонија, 30 згради се урнаа, спасувачите се борат низ урнатините (ВИДЕО)

ЦУНАМИ - НОВА ЗАКАНА ЗА ЈАПОНИЈА! Првиот бран ја погоди Јапонија, 30 згради се урнаа, спасувачите се борат низ урнатините (ВИДЕО)

Повеќе од 50 земјотреси - вклучително и еден со јачина од 7,6 степени - ја потресоа денеска Јапонија. Десетици згради се урнаа на западниот брег на земјата, каде беа издадени предупредувања за цунами од 5 метри.

Првите големи бранови го погодија пристаништето Ваџима во префектурата Ишикава во 16 часот и 21 минути по локално време, а повеќе се очекуваат денеска.

На жителите на западниот брег на Јапонија им е кажано да се евакуираат бидејќи се очекува бранови до 5 метри да ја погодат земјата подоцна денеска.

Повеќе од 30.000 јапонски домаќинства се без струја.

Властите се уште го проценуваат степенот на штетата и жителите треба да се подготват за нови потреси, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида на националната телевизија.

Карта која ги прикажува различните предупредувања за цунами на овој линк.

Објавена е мапа на западниот брег на Јапонија, која ги означува подрачјата загрозени со различен степен на предупредување за цунами.

Закана од цунами беше издадена за целиот западен брег на Јапонија од северниот остров Хокаидо до јужниот дел на Кјушу, а висока закана од цунами беше прогласена во областа на префектурата Ишикава.

Предупредувања се издадени и во Русија, Северна Кореја и Јужна Кореја.

Најмалку 30 згради се урнаа во Ваџима

Најмалку 30 згради се урнаа во јапонскиот град Ваџима, соопшти локалната противпожарна служба.

Градот е во близина на епицентарот на земјотресот Ното, исто така во префектурата Ишикава.

Земјотресите предизвикаа голем пожар во Ваџима, а шокантните снимки покажуваат како огромен пламен ги зафаќа станбените згради, јавуваат локалните радиодифузери.

Повеќе од 50 земјотреси

Повеќе од 50 земјотреси утрово ја погодија Јапонија.

Според јапонската метеоролошка агенција, земјотресите започнале околу 16 часот по локално време и достигнале јачина до 7,6 степени според Рихтер.

Повеќето земјотреси се регистрирани во Ното, префектурата Ишикава.

Спасувачите сега пребаруваат низ урнатините на неколку куќи за да ги евакуираат заробените жители, откако Јошимаса Хајаши, главен секретар на јапонскиот кабинет, изјави дека има најмалку шест пријавени инциденти на уривање на куќи врз жителите.

Тој рече дека нема потврдени извештаи за загинати или повредени, но додаде дека ситуацијата се уште е нејасна.

Јапонската војска учествува во спасувачките напори, рече тој.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести