Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цукерберг разочаран: цената на акциите на Фејсбук во постојан пад!

Цукерберг разочаран: цената на акциите на Фејсбук во постојан пад!
Слабите резултати кои социјалната мрежа Фејсбук ги бележи на берзата не изненадија и разочараа, призна основачот на Фејсбук Марк Цукерберг. "За жал, ние немаме никаква контрола над тоа колкава е цената на нашите акции на берзата, особено кога се во прашање кратки временски периоди. Сите ние сме разочарани ", рече тој во  интервју за " Фајненшл тајмс ". Во времето кога излегоа на берза, Фејсбук беше првата компанија чија вредност беше проценета на 100.000.000.000 долари. Сепак, од тогаш вредноста на акциите на Фејсбук континуирано опаѓа. Цукерберг  тврди дека приказната за Фејсбук е несомнено успешна, додавајќи дека верува во позитивни резултати на подолга стаза, и покрај претходните лоши искуства на берзата. Вредноста на неговиот  удел во Фејсбук се проценува на околу единаесет милијарди долари. На неодамнешниот состанок со акционерите кои имаат удел во Фејсбук, Цукерберг ги уверувал присутните да не се откажуваат од социјалната мрежа која успешно ке се избори со конкурентите. "Ниеден од актуелните трендови, како што анализите покажуваат, не стои на успешениот  пат на Фејсбук на било кој начин", рече Цукерберг. Тој го објави и податокот дека во изминатата година бројот на “лајкови” и коментари на Фејсбук се зголемил за педесет проценти во однос на бројот од 2011 година.
Слично

Поврзани вести