Економија, финансии, бизнис

Контакт

Цукерберг ќе воведува интернет во сите делови од светот

Цукерберг ќе воведува интернет во сите делови од светот
Проект за доведување на интернетот во делови од светот каде што моментално не е достапен покрена директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг. За таа цел, тој ги ангажирал Samsung Electronics, Qualcomm и уште четири компании. „Проектот наречен Internet.org ќе биде покренат од среда, 21-ви август, а ќе биде концентриран на обезбедување пристап до интернет за пет милијарди луѓе на коишто досега им беше недостапен. Цел на проектот Internet.org е обезбедување интернет за две третини од светската популација која сé уште не е „вмрежена“, како и давање еднакви можности на преостаната третина на којашто интернетот и е достапен“ - вели Цукерберг. Другите учесници во проектот се Ericsson, MediaTek Inc, Nokia и Opera Software ASA. Партнерските компании ќе развиваат поевтини и поквалитетни паметни телефони и го ќе прошират достапот до интернет во заедниците во коишто тој е моментално слабо развиен.  
Слично

Поврзани вести