Цукерберг: Бил Гејтс е мојот херој
Се чини дека во текот на последните неколку години стана мода да се вреднува основачот на Епл Стив Џобс, а повеќе или помалку да се потценува основачот на Мјкрософт, Бил Гејтс.
Но Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, мисли поинаку.
„Кога растев, Бил Гејтс беше мојот херој", изјави Цукерберг на бината за време на TechCrunch Disrupt конференцијата. Но тоа Мајкл Aрингтон, кој го интервјуираше на сцената изненадено дговори:
„Еј, ама ајде. Тој е како Дарт Ведер. Не е како Лук Скајвокер. Тој е лошо момче ".
„Не, не е", Цукерберг го бранеше Гејтс, објави Бизнис Инсајдер.
„Бил Гејтс водеше една од најзначајните компании на кои можам да се сетам, а која е посветена на својата мисија. Мајкрософт има голема мисија. Како да се стави компјутер на секое место и во секој дом. Постојат компании кои себеси се дефинираат според начинот на кој тие ги прават работите, како HP, и постојат компании кои себеси се дефинираат така што прават големи промени во светот. Мајкрософт го направи тоа. Тоа е неверојатно инспиративна компанија. Бил Гејтс е еден од најголемите визионери што нашата индустрија ги имала некогаш," рече Цукерберг.
Слично
