ЦУК: Во моментов има два активни пожари од вкупно девет регистрирани
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на територијата на државата во моментов има два активни пожари од вкупно девет регистрирани, откако шест се изгаснати, а еден е ставен под контрола.
Активни се пожарите во селата Браилово и Десово во Општина Долнени со кои е зафатена сува трева и во село Јачинце во Општина Куманово, каде пак се опожарени сува трева и штала. Под контрола е пожарот во Демир Хисар – Плакенска планина над село Вирово.
Изгаснати се пожарите во Аеродром, Чаир, Гостивар, Василево, Свети Николе и Струга.
Минатиот и овој месец во Македонија имаше стотици пожари.
Слично
