Економија, финансии, бизнис

Контакт

Cтранските банки забрзано го повлекуваат капиталот од источна Европа

Cтранските банки забрзано го повлекуваат капиталот од источна Европа
Cтранските банки, во првото тромесечје од годинава, го забрзаа повлекувањето на својот капитал од средна и источна Европа, покажува најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Многу банки во источноевропските земји, во потполност или во голем дел, се во сопственост на матичните банки од Запад, кои во последно време ги намалуваат кредитните активности, настојувајќи да ги средат своите биланси, нарушени со должничката криза во Еврозоната. Cе стравува дека нивното повлекување на домашниот пазар ќе им наштети на економиите на европските држави во развој. Истражувањето покажало значајно кумилативно намалување на средствата во последните тромесечија, кое во просек достигнало и 5,5 посто од БДП од средината на 2011 година. Најмногу повлекувања на средства имало во Унгарија, каде достигнало 23 посто од БДП, и во Cловенија, 17 посто. Овој процес продолжил и во првите три месеци од годинава во земјите како што се Хрватска, Латвија, Романија и Украина, соопшти ЕБРД. Во Унгарија, банките, поради одлуката на владата на Виктор Орбан, во врска со оданочувањето на банките и давањето субвенции на заемодавачите во 2010 година, изгубиле 3,6 милијарди евра. Cтранските банки стравуваат дека би можеле да претрпат уште загуби од најавениот план со кој се сака да им се помогне на заемодавачите со хипотеки во странски валути. Најголемата унгарска банка, ОТП, во последните две недели, поради остриот пад на цените на акциите, изгубила на пазарната капитализација повеќе од 200 милијарди форинти (887 милиони долари).  
Слично

Поврзани вести