Црвите и бубачките се храна на иднината?
Проблемите со гладот во светот, според Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), би можеле да се решат ако за исхарна на луѓето и домашните животни почнат да се употребуваат скакулци, мравки и други бубачки.
Во извештајот „Бубачки за јадење: Предлози за идната безбедност на храната“, на 200 страници се даваат препораки за користење бубачки во исхраната, а се наведуваат и можности за основање фарми за одгледување инсекти.
Во извештајот се вели дека мравките, скакулците и црвите имаат речиси иста вредност на протеини како и црвеното месо и рибата, а бубачите содржат железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Дополнително е наведува во текстот, тие лесно се огледуваат и не ја загадуваат околината.
Слично
