Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРВЕН АЛАРМ: Високите температури убија 30 луѓе

ЦРВЕН АЛАРМ: Високите температури убија 30 луѓе

Јапонија прогласи црвен аларм и ги предупреди жителите да преземат мерки на претпазливост откако високите температури во земјата одземаа 10-ци животи, а 1000-ци се во болница.

Најмладата жрвта е 6 годишно момче коешто починало на настава во природа, а во меѓувреме неколкумина ученици вклучени во надворешни активности се пренесени во болница откако покажале симптоми на срцев удар и замор. Набрзо потоа јапонското Министерство за образование објави дека училиштата ќе бидат затворени се додека не се подобрат временските услови.

Температурите во централниот дел на Јапонија се искачиле и до 40 степени Целзиусови, а во Кјото скоро цела седмица се задржале на 38 степени, за првпат од почетокот на 19-тиот век.

„Поради високите температури ги советуваме граѓаните да пијат многу вода за да избегнат проблеми со срцето, како и премногу да не излегуваат надвор“ - соопштија властите. 

Топлотниот бран се случува по поплавите во западните делови на Јапонија, во кои загинаа 220 лица. Лани поради високи температури во земјата починаа 44 лица.

Слично

Поврзани вести