„Црните“ прогнози говорат дека стотици илјади луѓе зимава ќе починат од коронавирусот во Европа
Во Европа од коронавирусот ќе починат уште 700.000 луѓе до март 2022 година. Ова е црното сценарио кое го споменува Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО денеска предупреди дека доколку продолжи сегашниот тренд, починатите од коронавирусот во Европа ќе се зголемат од сегашните 1,5 милиони на 2,2 милиони до март 2022 година. Се очекува и зголемување на бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега во 49 од 53 држави. Во светот најмалку 5 милиони луѓе починаа од коронавирусот. Европа е подрачје каде бројот на заболени расте. На ковид мапата која се објавува секоја четврток, голем дел од земјите се во темно црвена зона.
Слично
