Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЦРНИ ПРОГНОЗИ НА СТРАТФОР: Балканот ќе биде арена на војување меѓу Западот и Русија!

ЦРНИ ПРОГНОЗИ НА СТРАТФОР: Балканот ќе биде арена на војување меѓу Западот и Русија!

Американскиот инстиут за стратегиски предвидувања Стратфор проценува дека Балканот е уште една „европска арена“ која ќе го привлече вниманието на Русија и Западот во последниот квартал од оваа година.

„После спорниот референдум во Република Српска кој е одржан и покрај одлуката на Уставниот суд на БиХ, подготовките за понатамошни потези на Србите во БиХ со цел зацврствување на нивната автономија ќе доведе до тензии меѓу етничките групи во таа земја“, наведува Стратфор во своите прогнози за четвртиот квартал на 2016.

Тоа, се оценува во текстот, за сега ќе остане судир со низок интензитет, но „поддршката за Москва за српскиот став и можност за избивање на етнички конфликти и нуди на Русија уште една арена за посредство во преговорите на Европјаните и Американците“, смета американскиот институт. Во меѓувреме, како што предвидува, Европската унија веројатно ќе им дозволи на земјите долж балканската мигрантска рута да ги држат границите затворени, за да ги обесхрабрат мигрантите во обид да допрат до Унијата.

Дебатата во ЕУ, прогнозира Стратфор, ќе тргне во правец на пружање поголема финансиска помош на земјите во Африка и на Блискиот исток, како тамошните влади би ги поттикнале да направат повеќе во спречување емиграција на населението. Во текот на последниот квартал на 2016 година, ЕУ ќе дебатира и за својата политика во поглед на Русија, се наведува во предвидувањата на американскиот институт, со оценка, дека тоа, уште еднаш, ќе ги изнесе на виделина внатрешните поделби поради политиката на тој блок спрема Москва, посебно кога се рабори за санкции поврзани за кризата во Украина.

Санкциите ќе останат на сила до крајот на годината, но заморот од нив и интензивно лобирање на Русија во Европа ќе поттикнат жестока расправа за тоа како да се пристапи на гласање за руските санкции во почетокот на 2017 година и дали делумно да се ублажат во замена за напредок во почитување на протоколот од Минск“, наведува Стратфор . Американскиот институт прогнозира и дека три фактори ќе влијаат на затегнатите односи меѓу Русија и Западот до крајот на 2016.

Заминувањето на претседателот на САД Барак Обама и неговата администрација, претстојното гласање на ЕУ за санкциите против Русија и економскиот стрес со расправа во буџетот во Кремљ, Москва, наведува Стратфор, ќе го искористи за разобединување на ЕУ да издејствува ублажување на санкциите, апелирајќи на земјите кои се отворени за таа можност како што се Италија, Грција, Унгарија, Словачка и Кипар.

„САД, меѓутоа, ќе продолжат да ги притискаат членките на ЕУ да ги продолжат санцкиите, се додека Русија не преземе повеќе чекори во цел примена на спогодбата од Минск“, заклучува американскиот институт.

Слично

Поврзани вести